Македонија
15. April 2018 - 16:27

Прва книга со житија на светители за деца

Објавена првата книга  со житија наменети за деца на македонски јазик.  Насловена е ,, Венец на светоста,, и содржи десет кратки житија за исто толку светители. Книгата е дело на рускиот автор д-р Димитриј Авдеев, додека илустрациите се изработени од страна на децата од основните училишта во Струмица. Во целиот проект учествуваа околу 65 деца. Поради ограниченоста на бројот на страници на книгата во истата  не се искористени сите цртежни и затоа со  самата промоција беше организирана  изложба на која беа презентирани сите творби на децата учесници во проектот.

,, Прво е од овој тип кај нас, на македонски јазик. Досега житија за деца не се издавале. Житија да, меѓутоа за деца прилагодени не. Вкупно околу 65 цртежи има овде. Во книгата влегоа околу 45, за некој светител по три четири, за некој по две, некаде по една, колку дозволуваше просторот, нешто во контури во позадина позади текстот и така го добивме ова убаво дело.,, вели  М-Р Катерина Божиновска, дипломиран теолог и професор по религиско образование. 

Книгата е во издание на манастирот ,, Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици,, и со благослов на Митрополитот Струмички господин Наум.

,, Оваа книга има посебна вредност оти е наш заеднички труд во  кој многумина се вложија, секој со своите дарови за слава Божја и за радост на сите.,, рече ОТЕЦ  ДИМИТАР  КРЦЕВ

Книгаата ,, Венец на светоста,, беше издадена по повод големиот христијански празник  Воскресение Христово Велигден.  Тимот кој работеше на нејзина реализација најави дека веќе се работи за продожување на проектот со слични изданија.

 

Новинар: Зоран Ѓорѓиев