Џет-Сет
24. July 2017 - 16:54

Прва изјава, мажот на Бранислава Пашајлија со 3 зборови ја искоментира нејзината врска со Аца Лукас

Откако ги избришаа сите заеднички фотографии Аца Лукас и Бранислава дадоа повод сите да помислат дека ставиле крај на нивната врска.

Иако романсата траеше само еден месец, Лукас и Бранислава привлекоа огромно внимание во јавноста, а една од причините е тоа што Бранислава е омажена за Жељко Пашајлија од Црна Гора со кого има и син.

Во желба да се дознае каков став има тој за врската помеѓу Бранислава и Лукас, телеграф.рс му испратиле порака со прашање дали сака да даде изјава. Одговорот стигнал во рок од неколку минути - краток и духовит.

- Немам време кога (насмевка) - културно напишал Жељко додавајќи три смајлиња и упатувајќи поздрав.

Доколку се суди според ова, очигледно Жељко не го интересира емотивниот живот на Бранислава, односно врската со српскиот фолкер.