Бизнис
2. May 2016 - 10:34

Прва група холандски туристи за почеток на сезоната во Охрид

На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ утре се очекува да пристигне првата група туристи од Холандија во Охрид за летната сезона 2016 година. 

Првата група туристи од Холандијана на охридскиот аеродром се очекува да ја пречекаат генералниот менаџер на ТАВ Македонија Зоран Крстевски, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и директорот на туристичката агенција „Фибула Ер-травел“ Асим Меџедовиќ.  

Во Охрид пролетва и летово се очекува освен туристи од Холандија да се одмараат и туристи од Белгија, Израел и Турција, но и од Јужна Кореја и Кина, туристи кои се дел од мапата на кружните Балкански тури од источните земји.