Џет-Сет
26. September 2016 - 8:51

Прва фотографија од бебето на Сека: Тато Вељко ужива со новородениот Јаков

Пејачката Сека Алексиќ се породи во саботата во попладневните часови, а таа и сопругот Вељко среќни го дочекаа доаѓањето на свет на здравото бебе.

На синот првенец му дадоа име Јаков, а дека уживаат во првите моменти од родителството, може да се види и по фотографиите кои пејачката ги постави на својата Фејсбук странцица.

Покрај датумот на раѓање на нивниот син, пејачката постави фотографија на која се гледа раката на малиот Јаков, која Вељко ја држи во својата голема дланка.

Фановите на Сека и посакаа се најубаво и ја поддржаа во улогата на мајка.