Македонија
15. May 2020 - 14:40

Прва џума по отворањето на џамиите

Редот  на петочната џума верниците сами си го правеа. Секој со свое сеџаде беше дојден на молитва која според муслиманските обреди во петоците се одржува во колектив.  На влезот од мустафа пашината џамија се делеа маски за оние кои немаат. Ова е прва џума откако почнаа рамазанските пости и беше масовно посетена. Верниците и денеска се клањаа во дворот на џамијата , согласно препораките на ИВЗ. Иако поради пандемијата затворен е пристапот до чешмите каде муслиманите прават абдест пред молитва, сепак некои верници не отстапија од верскиот обред. Задоволни се што се почитуваат мерките и  на неколку дена пред Рамазан Бајрам доаѓаат на молитва.

Имамот во текот на молитвата испрати порака до верниците да покажат поголема свест и да внимаваат на мерките за спречување на ширењето на вирусот. Сите кои се вистински верници од било која религија треба да шират добрина и да бидат пример за останатите.

Верниците да се воздржуваат и за време на ифтар порача  имамот.

Џамиите отворија за верници пред 3 дена, со посебни протоколи според кои се клањаат на молитва. Рамазан Бајрам е на 24мај  кога се празнува и православниот празник Св. Кирил и Методиј. И двата се државни празници  па затоа следниот ден понеделник ќе биде не работен за сите граѓани.