Свет
3. July 2016 - 13:37

Прва Абориџинска во австралискиот Долен дом на Парламентот

Поранешната наставничка Линда Барнли (59) стана првата Абориџинка која е избрана во Долниот дом на австралискиот парламент, а пратеничкото место го обезбеди како кандидат на Лабуристичката партија.

Таа беше и првата жена од абориџинско потекло која во 2003 година стана пратеничка во парламентот на сојузната држава Нов Јужен Велс.

Во националниот парламент таа сега се придружи на абориџинскиот пратеник кен Вајат од Либералната партија, избран во 2010 година.