Ракомет
4. September 2016 - 11:28

Прв трофеј за Кире и Борко во дресот на Барселона

Македонските репрезентативци во дресот на ракометниот клуб Барселона Кирил Лазаров и Борко Ристовски го освоија првиот пехар оваа сезона. Во рамките на Супер купот Барселона ја победи Анаитасуна со 38:30 (18:15). Ова за Барселона е 19.та титула во ова натпреварување, а петта во низа.
Во текот на целиот натпревар Барселона беше во водство, иако противникот пружи силен отпор.
Кирил Лазаров со 6 голови беше најефикасен во својот тим, додека Борко Ристовски имаше шест одбрани, откако го замени Перез де Варгас, кој се повреди кон средината на првиот дел. Ристовски ја доби и наградата за најдобар голман.