Ф1
30. April 2017 - 15:56

Прв триумф во кариерата за Валтери Ботас

Валтери Ботас ја оствари првата победа во кариерата во Формула 1 шампионатот.  Одличниот старт кој го имаше Финецот на трка во Сочи, кога ги мини двата болиди на Ферари, на возачот на Мекларен му го донесоа првиот триумф и тоа на трката за Големата награда на Русија. 
 
На пиедесталот крај Ботас се искачија и пилотите на Ферари, Фетел и Раиконен, додека неговиот тимскиот колега од Мекларен, Луис Хамилто заврши на четвртото место. 
 
Токму оваа четворка на возачи ќе ја води и битката за шампионскиот трофеј, а со новите бодови изгледот на Генералниот пласман не е промент па водечки е Фетел (86 бодови) пред Хамилтон (73) и Финците, Ботас (63) и Раиконен (49). 
 
Следна трка во Формула 1 шампионатот е закажана за 14 мај, а ќе се вози на патеката во Барселона за Големата награда на Каталуња.