Прв состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство
Советот за партнерство, трговија и соработка помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, денеска во Скопје ќе го одржи првиот инаугуративен состанок на кој од страна на Македонија ќе ко-претседава министерот за надворешни работи, Бујар Османи, додека од име на Обединетото Кралство ќе ко-претседава министерката, Венди Мортон која од вчера е во посета на земјава.
Како што соопшти МНР, Советот се смета за највисоко работно тело надлежно за имплементација на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу двете земји, кој ќе ја има улогата на координатор на имплементацијата на одредбите од Спогодбата и развојот на нивните севкупни односи.
Исто така, во рамките на Советот, предвидено е министрите Османи и Мортон да потпишат и Деловник за работа, како рамка преку која ќе се одвива целосната соработка во рамките на ова тело, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.
Од Британската амбасада, вчера најавија дека во рамките на посетата британската министерка ќе се сретне и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за животна средина Насер Нуредини. Тема на разговор на нејзините средби ќе бидат и климатските промени во пресрет на Конференцијата за климатски промени (COP26) која ќе се одржи во Глазгов и клучните реформски процеси со акцент на владеењето на правото, доброто владеење, човековите права.
Обединетото Кралство и Македонија го потпишаа Договорот за партнерство, трговија и соработка во декември 2020 година со цел да ја зајакнат можноста за трговска соработка откако Обединетото Кралство ја напушти ЕУ.
Ова е втора посета на Скопје на британската министерка за Европа и Америка на Македонија, по нејзиното учество на состанокот на Министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес во 2020 година.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка