Loading Video...
Кошарка
12. November 2018 - 13:53

Прв собир на женската кошаркарска репрезентација на Македонија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија, попладнево ќе го има првиот собир за последните две средби од евро-квалификациите. 
 
Селекторот Марјан Лазовски кој и онака имаше големи проблеми околу составувањето на тимот, сега и дополнително со главоболки. 
 
Откако поради административни причини, остана без планираното американско засилување, Дјуана Бонер, сега Лазовски не може да смета ниту на  повредените  стандардните првотимки Нена Трајчевска и Ана Тантуровска. 
 
Првиот од двата натпревари, македонските кошаркарки ќе го одиграат во Скопје на 17 ноември, кога ќе ја пречекаат селекцијата на Шведска, додека на 21 ноември ќе гостуваат кај Хрватска.