Loading Video...
Фудбал
8. October 2018 - 15:57

Прв собир на фудбалерите за мечевите со Лихтенштајн и Ерменија, неизвесен Тричковски

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација  денеска ги започнува подготовките за претстојните два натпревари во Лига на нации.
 
За вечерашниот прв тренинг селекторот Ангеловски, ќе смета на сите фудбалери, исклучок Тричковски 
 
Иван Тричковски на вчерашниот дуел меѓу неговиот АЕК Ларнака и Ермис од кипарското првенство се здоби со повреда, па денеска и утре ќе мине низ испитувања, по што ќе се знае дали ќе може да му се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски
 
Првиот натпревар црвено-жолтите ќе го играат на 13 октомври на Националната арена „Филип Втори“’ во Скопје, против Лихтенштајн 
 
„Сите мисли ќе ни бидат во моментов кон мечот со Лихтенштајн, во кој очекувам да влеземе одговорно и да ја оправдаме фаворитската улога. Мора да бидеме на максимално ниво, максимално концентрирани.  Влегуваме во мечот за да го добиеме. Со победа над Лихтенштајн веќе ќе имаат девет бода и ќе ѝ направиме дополнителен притисок на Ерменија“, истакна селекторот Ангеловски.
 
И голманот Столе Димитриевски нагласи дека сега сите мисли се насочени кон првиот меч. 
 
„Се подготвуваме исклучиво првиот меч. Посакувам да продолжи серијата без примен гол. Со две победи сега нема да има дилеми за прво место“, истакна  Димитриевски.
 
По мечот со Лихтенштајн ќе следува гостувањето во Ереван кај Ерменија на 16. октомври.