Loading Video...
Спорт плус
21. December 2018 - 15:45

Прв пат во Македонија доделени признанија за најуспешните жени во спортот

За прв пат во државата, синоќа во хотелот Александар Палас во Скопје беа доделени првите оскари за жената инволвирани во спортот.
 
Во организација на здружението „ТАКТ“,  тринаесет дами добија посебни признанија за своите активности во спортот. 
 
Генералниот секретар на Македонската кошаркарска федерација Моника Гаврилоска, го доби признанието за најуспешна спортска менаџерка, додека кошаркарската легенда Стојна Вангеловска доби посебно признание за животно дело, а поранешната репрезентативка и актуелен декан при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје Ленче Алексовска-Величковска доби признание за нејзината активност за еднаквост во спортот.
 
Колешката од Македонската телевизија, Ирена Андреевска беше наградена за придонесот во спортското новинарство. 
 
Ана Марија Георгиевска е најнадежна млада спортистка, додека ракометниот арбитарски тандем Марија Илиева и Силвана Карбеска за најдобри судии дами. 
 
Јулија Црвенковска го понесе признание за најуспешен тренер, а Сара Ристовска за најуспешна во колективен спорт, додека фудбалерката Наташа Андонова која е член на шпанскиот гигант Барселона го освои признанието за најуспешна спортистка за 2018 година. 
 
Признанија добија и: ЖРК Вардар - Најуспешен тим, Специјална Олимпијада на Македонија - Најуспешна организација за позитивни општествени промени преку спорт, Оливера Наковска-Бикова - Најуспешна спортистка со инвалидитет.