Кошарка
19. February 2017 - 23:05

Прв историски пехар за Карпош Соколи

Кошаркарите на Карпош Соколи го освоија првиот трофеј откако вечерва во финалето на Лимак Купот на Македонија го совладаа Фени Индустри со 80:69 (21:20; 21:17; 13:15 и 25:17). 
Финалето беше изедначено во поголемиот дел, а клучната предност победникот на ова натпреварување ја направи на почетокот на последниот период кога имаше двоцифрена предност. Доминик Мавра со 21 беше најефикасен на финалниот натпревар воедно и прогласен за МВП (најкорисен играч) на турнирот.
За Карпош Соколи ова беше второ финале во Купот, откако лани во Гевгелија беше поразен од МЗТ Скопје. Фени Индусри остана со два освоени пехари, а го играше четвртото Куп финале.