Македонија
5. October 2018 - 9:27

Прв фестивал на муралот во Струга

Уметници од Македонија од денеска до недела ќе ја изразат својата креативност на различни локации низ Струга на првиот фестивал на муралот „Мурал фест Струга“.

Организатор на настанот е ликовниот уметникот и професионален фотограф, стружанката Кристина Затуровска во соработка со здружението Силинг арт“ од Гостивар

- Направивме нов вид фестивал со кој би сакале да ги привлечеме младите телентирани уметници да бидат дел од модерната историја на градот со тоа што малите и тесни улички, кои имаат различни приказни би ги претвориле во урбани и забавни, вели Затуровска,

Целта, според неа, е разубавување на градот и добивање нов лик. Тоа, смета, ќе ја зголеми туристичката понуда, аСтруга да прерасне во град на уметност, град кој ќе ги забавува и инспирира луѓето од сите возрасти

- Сакаме да направиме една нова поинаква слика за Струга. Туристите кога ќе дојдат во Струга, покрај во природните убавини да можат да уживаат и во убавата архитектура, изјави Затуровска за МИА, појаснувајќи дека ќе цртаат на приватни куќи и јавни објекти.

Во рамките на фестивалот, в недела, во Паркот на поезијата ќе се одржи детска работилница за цртање пропратена со забава и музика.

„Мурал фест Струга“ е дел од проектот „Нов културен бран“, поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.