Свет
7. April 2017 - 16:32

Прв директен напад на САД во Сирија - Трамп и Путин на различна страна

­Американските ракетни напади  во Сирија ги наредил лично Трамп. Не случајно воздухопловната база кај Хомс под контрола на претседателот Асад е избрана за мета. Од таму полетал авионот, кој според Пентагон го извршил нападот со хемиско оружје во провинцијата Идлиб.

59 прокетили од типот Томахавк биле истрелани од два американски воени брода во Средозменото Море кон базата, при што загинаа 6 сириски војници. Првиот човек на САД наредбата ја издал кратко по вечерата  со неговиот гостин и колега од Кина во Флорида. Најострата одлука на американската админситрација во шестгодишната војна во Сирија Трамп ја објасни вака

- Нема сомнежи дека Сирија употреби хемиско оружје и ги прекрши меѓународните конвенции. Наш витален интерес е да се спречи ширењето и користењето на овој вид смртоносно оружје. Ги повикувам сите цивилизирани нации да ни се придружат во ставањето крај на масакрот и крвопролевањето во Сирија, изјави Доналд Трамп, претседател на САД

 Сириските власти сооопштија дека погодена база била користена за цели против терористите.

-Сирискотото раководство и сириската политика нема да се променат. Нема да бидеме изненадени да ги видиме Американците како играат директна улога на теренот за да ги подржат своите цели насекаде порача гувернерот на градот  Хомс.  

Очекувано, Русија, која го подржува режимот на Асад е најгласна во критиките. Во знак на револт, Москва го суспендираше меморандумот за безбедни летови во Сирија, потпишан за да се спречат инциденти меѓу американски и руски авиони. Американскиот напад врз Сирија е акт врз суверена држава и без сомнеж ќе им наштети на односните САД- Русија.

- Ова  ме потсетува на состојбата од 2003­тата кога САД и Британија, со сојузниците го нападнаа Ирак, без дозвола на Советот за безбедност, изјави Сергеј Лавров шеф на руската дипломатија.

САД до сега во војната во Сирија учествуваа како дел од меѓународната коалиција, а ова е нивната прва самостојна операција во изминатите 6 години. Целосна подршка за акцијата стигна од ЕУ и НАТО и речиси сите западни сојузници.

­ -Ова беше ограничен напад, на локации од каде се верува дека бил извршен хемискиот напад и има за цел да го запре режимот на Асад на нови хемиски напади. Овој напад не значи и почеток на нова воена кампања, изјави Мајкл  Фалон, министер за надворешни работи на Британија

Во  воздушниот напад во провинцијата Идлиб пред три дена загинаа 86 лица, од кои 30 деца. СЗО соопшти дека жртвите имале симптоми на изложеност на нервниот гас сарин.