Бизнис
11. February 2020 - 16:37

Прв ден Тетекс под клуч

Имал ли Тито Беличанец- независен член на одборот на директори на Тетекс  инсајдерски информации пред да ги продаде своите акции, неколку дена пред да се затвори фабриката.

Комисијата за хартии од вредност  ќе прави проверка. Од таму велат дека како регулатор секојденевно вршат контроли.

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија како регулатор врши проактивна супервизија и надзор на пазарот на капитал и тоа секојдневно во реално време преку on-line контрола на БЕСТ системот, контрола на процесот на утврдување и порамнување на склучените трансакции, како и евентуални забранети дејствија при работа со хартии од вредност, вклучувајќи го и друштвото кое е предмет на Ваш интерес.   КХВ во рамките на своите надлежности ги презема потребните активности, но во интерес на постапката која е во тек, не смее да објавува било какви информации.

Заради целосно и објективно информирање на акционерите и на јавноста, согласно овластувањата што и се дадени врз основа на законите и транспарентното работење на институцијата, КХВ  навремено ќе ги соопшти своите одлуки во врска со случајот во однос на кој се однесуваат Вашите прашања, се вели во дописот од КХВ.

Во телефонска изјава за Сител Беличанец вели дека неговите  4.000 акции ги продал по цена од 2.250 денари. Претходно биле 2,400 денари , а денеска забележан е пад од речиси 10 отсто и до крајот на тргувањето цената цената за една акција  изнесувала 2.160 денари  Вели дека Тетекс не оди во стечај и затоа не гледа дека  основ за некаква постапка против него.

Според законот едно лице во фирма ако има било какви инфрмации кои не се јавно достапни а  би можеле да предвизикаат раст или пад на цените на акциите не семат да вршат било какви трансакции.

Го конталтиравме и генералниот директор на компанијата Глигорие Гоговски. За Сител посочи дека компанијата иако го затвори погонот, Тетекс ќе продолжи со работа во други профитабилни дејности.

Вчера од  фабриката соопшптија дека по 70 години Тетекс го затвори погонот за тешка конфекција главно поради ниските цени и конкуренцијата на змејите од Далечниот Исток.