Бизнис
22. November 2018 - 19:44

Пругата Куманово- Бељаковце готова за година ипол

Пругата Куманово - Бељаковце се очекува да биде готова за година ипол. Експропријацијата во најголем дел е завршена. А до пролет  треба  да финишира и тендерската постапка за делот од Бељаковце до Крива Паланка. Оваа делница е еден од приоритетните проекти во буџетот за следната година.

–За третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија обезбедени се 60 милиони евра од страна на ЕУ и во брз рок се очекува да се заокружи целосната финансиска конструкција за оваа делница, рече Сугаревски.

Во буџетот за догидина предвидени  се и 25,6 милиони евра за гасификацијата. Ќе продолжи да се гради и гасоводот на Водно.

За нови авиолинии планирани се околу 1,36 милиони евра , за патна инфраструктура  2 милиони евра . Ќе се градат и нови социални станови, а околу 7 милиони евра  ќе бидат за покривање на загубите на Македонски железници- претпријатието  важи за  најголем државен должник.