Македонија
13. July 2018 - 0:00

Прскање против ларви од комарци во Скопје

Авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје против ларви од комарци ќе се изврши в сабота, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција ќе се изврши в понеделник, во текот на денот.

- Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, соопшти Град Скопје. 

Градските власти ги известуваат пчеларите на времe да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.