Прскање против комарци во Македонска Каменица
Во Општина Македонска Каменица вечер од 22:00 до 2:00 часот по полноќ ќе биде спроведено првото терестрично прскање против комарци оваа сезона.
Според Добри Јаневски од Општината, опфатени ќе бидат околу 250 хектари.
- За разлика од претходната година, овојпат со прскањето ќе ги опфатиме повеќе селата, Тодоровци Луковица, Косевица, Моштица, Саса и Сатар Каменица, а во градот ќе се прска покрај течението на реката, во паркот, по главните улици.Апелираме за помала раздвиженост на населението во периоддот на прскање и затворање на пчелните семејства 12 часа по прскањето, истакна Јаневски и додаде дека дезинсекцијата ќе ја врши ДТУ „Токси-вет“ ДООЕЛ Скопје.
Во Општина Македонска Каменица е предвидено да бидат спроведени уште две терестрични прскања и три авионски.
- Првото авионско прскање ќе се реализира во средината на јули. Во моментов сме во разгвори со соседните две општини Виница и Кочани кои исто така ќе спроведуваат авионско прскање, па тоа да го направиме заедно. Авионското рпскање против комарци ќе биде насочено претежно над градот, рече Јаневски.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно