Прскање против комарци во Гевгелиско, апел да се заштитат пчелите
Oпштина Гевгелија во соработка со регионалниот Cентар за јавно здравје ноќеска од 23 часот до пет часот изутрината ги стартуваше активностите за третото тереистичко прскање против комарци во градот и сите населени места во општината.
Прскањето ќе продолжи и вечерва,а ќе заврши утре сабајле така што во сила останува апелот за заштита на пчелите и пчелните семејства што на пчеларите им беше упатено преку нивните здруженија.
Од општина Гевгелија велат дека ова е всушност петто третирање против комарци на нејзина територија затоа што претходно во периодот од редината на март до крајот на април биле извршени и две ларвицидни прскања против комарци.
Ако има потреба, посочија од општината, самостојно ќе се организира и авионско прскање против комарци.
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел