Македонија
27. February 2018 - 12:16

Прозорец кон иднината: РЕХАУ го претставува својот паметен прозорец и други иновации на саемот "Фенстербау Фронтале" 2018

РЕХАУ на саемот ќе ја прикаже и својата иновација за која неодамна доби награда. Прозорец кој проветрува додека е затворен, а истовремено ги намалува загубите на топлина и емисиите на бучава.  За оваа пионерска комбинација, стручното жири го одликуваше системот за вентилација РЕХАУ ГЕНЕО ИНОВЕНТ со наградата "Плус Х" во категориите иновации, висок квалитет, функционалност и екологија. 

Најголемиот саем за прозорска техника"Фенстербау Фронтале" во Нирнберг  и оваа година ќе ги отвори вратите за изложувачте од целиот свет. Јубилејното триесето издание ќе се одржи од 21 до 24 март. 

Специјалистот за полимери РЕХАУ како редовен излагач на овој саем годинава ќе се претстави со реалноста и визијата на интелигентните прозорци нагласувајќи дека  И ПРОЗОРЦИТЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ПАМЕТНИ. Со своите материјални и системски решенија, компанијата цврсто за грижи за потребите на крајните корисници и со своите иновации поставува нови стандарди за функционалноста и дизајнот на модерните прозорци.Кои карактеристики и апликации се возможни денес и кои треба да бидат возможни утре? На овие прашања, РЕХАУ  ќе се посвети на саемот и тоа под мотото " Рехау поглед". 

"По повод 30-годишнината од "Фенстербау Фронтале" ќе покажаме кои карактеристики треба да ги имаат прозорците во иднина, без оглед дали се за домување или деловни простории, на штандот на РЕХАУ посетителите ќе влезат во најважните области на животот и директно ќе можат да искусат кој опсег на иновации се отвораат преку стратегијата "Smartify “ односно преку паметните решенија  во индустријата на прозорци".

Оваа информација пристигнува од градот Ерланген од  г-динот Карстен Хоиер, раководител на секторот Прозорски решенија и член на Извршниот одбор на Групацијата.  

РЕХАУ на саемот ќе ја прикаже и својата иновација за која неодамна доби награда. Прозорец кој проветрува додека е затворен, а истовремено ги намалува загубите на топлина и емисиите на бучава.  За оваа пионерска комбинација, стручното жири го одликуваше системот за вентилација РЕХАУ ГЕНЕО ИНОВЕНТ со наградата " Плус Х " во категориите иновации, висок квалитет, функционалност и екологија. 

Уште една новина се најавува на престојниот саем од страна на РЕХАУ. Таа ќе го даде одговорот на прашањето: Дали апликациите во иднина ќе може да се контролираат директно преку прозорецот со екран на допир? За прв пат, РЕХАУ ќе ја прикаже оваа технологија на 21-от век, токму на саемот "Фенстербау Фронтале“. 

Уште еден интелигентен додаток е новиот алармен систем РЕХАУ паметен чувар “REHAU Smart Guard”, кој овозможува одвраќање на натрапникот уште пред да започне со механичка интервенција и тоа преку повеќе нивоа на ескалација. На пример, автоматски да се затвораат ролетните или дури да се направи итен повик во случај на насилство. Конкретните мерки може да се одредат индивидуално.

"Материјалот со високи перформанси е одлучувачка основа за сеопфатни решенија кои се ориентирани кон иднината во индустријата за прозорци", нагласува г-динот Карстен Хеуер. На пример, прозорските профили направени од влакнести композитни материјали РАУ ФИПРО не се потпираат на арматури од челик веќе една деценија. Постојаниот развој на РАУ ФИПРО ги прави прозорските профили уште поотпорни на топлина и им овозможува да носат повисока тежина на крилото, така што поголемите прозори можат да се користат според желбите на граджниците и архитектите.

Дополнителниот избор за големината на прозорецот е архитектонски елемент кој РЕХАУ го нуди на своите клиенти и партнери. Специјалистот за полимери, РЕХАУ, придава особено значење на можноста за индивидуален дизајн на простории и фасади. КАЛЕИДО ФОИЛ дизајнот со метални, дрвени и еднобојни декори за прозорски  профили на РЕХАУ го надополнуваат нови бои кои се во тренд, како на пример дизајнот со изглед на стакло КАЛЕИДО ВИЗИОН. Овде се користи стаклениот ламинат РАУВИЗИО кристал кој е отпорен на гребнатини и лесно се чисти  како кај модерните површини за мебел. Прозорците на РЕХАУ можат хармонично да се интегрираат во различни концепти за живеење. "Во сите наши понуди, на пример во областа на "Градење со информатичко моделирање", ја поставивме задачата да ја олесниме работата на проектантите и архитектите, а во  исто време, секогаш внимаваме на потребите и барањата на нашите партнери и на крајните корисници." објаснува г-динот Карстен Хеуер. 

РЕХАУ нуди целосни решенија кои се ориентирани кон иднината за одржлива изградба и модернизација. Фокусот е на теми како енергетски ефикасна градба, употреба на обновливи енергии и управување со водите. Во областa на прозорците, градежнa техника и нискоградба, РЕХАУ е силен партнер кој на своите клиенти им нуди зрели системски решенија и сеопфатни услуги. 

На површина од 860 квадратни метри саемски штанд, компанијата РЕХАУ ги поканува своите клиенти во сала 4А-123 за да ги  добијат информациите околу карактеристиките и естетиката на прозорците од прва рака.