Живот
17. July 2016 - 18:53

Прозборе за неверството: Спиев со бездомничка додека жена ми не беше дома!

Ова е исповед на маж кој направил нешто што никогаш не го планирал - едноставно се случило.

Отворено проговорил за својата прељуба на интернет страницата RawConfessions затоа што имал можност да остане анонимен.

- Мојата сопруга отиде на службен пат на 17 дена, можете да замислите колку поради тоа бев напален, беше толку далеку. Во тоа време наидов на атрактивна бездомничка. Таа жена имаше помеѓу 27 и 35 години, или така некако. Ја собрав од улица со намера да и платам топол оброк во ресторан. Ни беше ммногу убаво додека ја чекавме храната. Ја прашав има ли каде да спие или место каде редовно добива оброк, сакав да ја однесам на тоа место. Ми кажа дека нема.

Ја однесов во мојот стан. Таму се истушира, и ја исправ облеката и дадов облека која ја имав дома, а не ја користев. Таа ги изми садовите. Потоа седнавме, јадевме и гледавме филм. Ми кажа дека ќе си оди наскоро, а јас и одговорив дека тоа не е проблем.

Во меѓувреме се испружив на креветот додека гледавме телевизија, а таа седеше на столица. Тогаш ме праша дали може и она малку да легне. И кажав дека може. Легна и заспа, или јас мислев дека спие. Лежев покрај неа.

На крајот почнавме да се мазиме и бакнуваме. Имавме секс два пати таа ноќ. Беше слатка, а сексот беше навистина добар. Иако, беше некако чудно, но сепак помеѓу нас се створи некоја врска. Уживав таа вечер. Всушност уживав повеќе со неа отколку со мојата жена која понекогаш се правеше дека е болна и не беше во можност да ми направи целосно задовослтво.