Свет
6. October 2016 - 23:56

Провокација: Некој постави огромен постер на Путин среде Њујорк

Огромен банер со ликот на рускиот претседател Владимир Путин осамна на едната страна од мостот на Менхетн во Њујорк.

На банерот се гледа руско и сириско знаме како и зборот „миротворец“.

Њујорк пост наведува дека најмалку две лица би можеле да го постават овој плакат на мостот околу 2 часот попладне по локално време.

Овој „инцидент“ се случи во екот на големи тензии меѓу САД и Русија посебно кога станува збор за Сирија.