Живот
30. January 2018 - 22:55

Провинцијалката која проговори за она за кое сите молчат: Не ми треба партнер, сакам секс

Срамежливоста во Белград не поминува баш најдобро. Кога си повлечена не доаѓаш до израз во толпата. Прашањето кое се наметнува, а подоцна и веќе станува товар на секоја втора жена е каде да најдам дечко, љубов и секс?, раскажува Анѓела од Александровац.

Атрактивната Анѓела се преселила во Белград од провинција кога имала 18 години. Таа се запишала на студии и како сите млади провинцијалки освен за школување се преселила и за добра забава.

Без ронка дволичност и влакна на јазикот, Анѓела решила да ја сподели својата приказна за српски Телеграф. Пред да се пресели во Белград, таа постојано слушала за одличните забави, дружби, секс без обврски, згодните спортисти и што ли уште не кое го има во српската престолнина…

Ви го пренесуваме во целост нејзиното сведоштво.

Моето име е Анѓела и сега имам 26 години. Без ронка каење можам да се присетам на моето доаѓање во Белград.

Бев класична бубалица. Константно бев фокусирана на студиите, трудејќи се да ги завршам на време, се со цел родителите да не ми дишат во врат. Редовно ги полагав испитите сакајќи да ги оправдам парите кои моите родители ги даваат за школарина. Но понекогаш, впрочем, уште од самиот старт на мојот престој во Белград ми недостигаше љубов, внимание, секс…Тоа беа времиња кога мислев дека љубовта е исто што и сексот.

Срамежливоста во Белград не поминува добро. Кога си повлечено девојче не доаѓаш до израз во толпата. Прашањето кое се наметнува, а кое подоцна и ми претставуваше товар е како ќе најдам момче, љубов и секс?

Не сум од оние девојки по кои се вртат сите момци, па да сум во можност јас да одберам. Покрај сите убавици во градот, симпатичните девојки немаат шанси кај добрите фраери.

На почетокот, “ловот” се одвива на социјалните мрежи и портали за запознавање. Мажите таму не се промискуитетни, туку незрели. По краткиот разговор, тие ми праќаа провокативни фотографии, ме условуваа дека мора да имаме орален секс на првиот состанок итн итн. Меѓутоа, ваквите познаства никогаш не завршуваа добро, па се откажав.

Подоцна почнав да се движам по студентските забави. На овие журки може да најдете нешто. Сексот на студентите им доаѓа како издувен вентил, одмор од учење или пак како лек за депресијата од студиите надвор од дома. И да, вистина е…во студентските домови има многу секс. Точно е дека има и љубов. Но после љубовта останува само студентската соба во која сте спиеле. Тоа е моето прво искуство во Белград. Секс плус љубовна врска. Имаш се во едно, се оддеднаш.

Но, работите почнаа да се менуваат. Малото девојче станува жена, потенцијална мета на предаторите. Никогаш не сум се гледала себеси како плен, но во клубовите пленот лесно се забележува. Ако сакаш секс, ќе бидеш добар плен. Тоа не се вика лесна риба, туку взаемна корист, т.е обострано задоволство.

Ти приоѓаат мажи кои сосема отворено ти нудат секс. Не морате да стигнете до кревет за да имате секс. Може тоа да се случи во тоалетот во диското или пак во неговиот автомобил. На почетокот, сето ова ми беше чудно. Во провинција вакви работи нема ни од далеку. Можеби ова и е предноста на Белград – луѓето не мора да воздржуваат за да ги ослободат своите страсти. Утре нема да пукне срам, ниту пак некој ќе знае што точно сте правеле синоќа и со колку луѓе сте спиеле. Нема совест, нема морал.

Ваквите повремени секс комбинации доаѓаат од време на време. Ситуациите се слично, со сличен пристап и сличен крај. Некои од момците се поупорни некои не. Некогаш ќе се заљубиш па не сакаш да сретнеш ваков дечко.

Она кое сакам да им го кажам на девојчињата кои се радуваат на престојот во Белград е дека сексуалната активност не зависи од физичкиот изглед.

Умајте на ум дека секогаш можете да одберете само поради фактот дека сте жена.

Секс може да најдете и на работа, на пат до работа, во банка, продавница…Со време го изгубив тој паничен страв кои жените често го имаат – а што ако не најдам никого?

Ретки се тие луѓе кои не можат да најдат некој во животот. А сексот е толку достапен што можете да изберете цел фудбалски тим!