Проверете дали утре ќе останете без струја
– Корисниците од делови од скопските општини Чаир, Гази Баба, Ѓорче Петров и Центар утре ќе бидат без електрична енергија, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од 8.30 до 12.00 часот, на улицата „Серава“ и дел од улицата „Џон Кенеди“ ќе има прекин на електрична енергија, додека во населба Синѓелиќ, од 10.00 до 12.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „Сава Ковачевиќ“.
Во Општина Ѓорче Петров, од 9.00 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Ѓорче Петров“ и во период од 9.30 до 14.00 часот на дел од улиците „Борис Серафов“ и „Крсто Раковски“, како и дел од булеварот „Партизански одреди“ – делот кон „ЈСП – Скопје“, ќе има преки на електричната енергија.
Од 10.30 до 13.00 часот ќе има прекин на електричната енергија на дел од улиците „Козара“ и „Шарски одред“ во Општина Центар.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор