Живот
19. April 2018 - 13:53

Проверена комбинација за долг живот – пиво и чипс, секоја вечер!

Доколку ја прашате Матилда Курциа од Калифорнија која неодмана го прослави својот 100-ти роденден, која е тајната за нејзината долговечност таа ќе ви одговори дека за долгиот век треба да му се заблагодари на пивото. Добро читате, една кригла пиво и половина кесе чипс за одлично да се чувствувате и во третото доба!

„Јас се трудам секој ден ден да практикувам лесни физички активности, но секоја вечер задолжително пијам пиво и јадам по малку чипс.“ – раскажува Матилда во интервју за NBC 7 San Diego која себе си се смета за здрава старица. Што се однесува до физичката активност таа вели дека заедно со својот пријател и сосед Мики кој неодамна исто така наполни 100 години секојдневно пешачат и возат велосипед.

Освен безусловната љубов кон пивото и чипсот Матилда одамна е пушач и не планира да се откаже од штетната навика. Во прилог на ова говори и истражувањето The 90+ Study кое покажало дека старите луѓе кои секојдневно конзумираат умерено количество на алкохол, имено околу два бокала вино или пиво, живеат подолго од оние кои се држат настрана од алкохолот.

„За ова нема конкретно објаснување, но експертите знаат дека разумната употреба на алкохол е врзана со долговечниоста“ – смета Клаудија Кавас, коавтор во истражувањето, а пренесува Today. И додока науката ги потврдува бенефитите од алкохолот, други се скептици дека токму тој е причина за сериозни здравствени проблеми кои го кратат векот.

Истражувачите докажале дека физичката активност дури и 15 минути, без или со употреба на алкохол, е многу важна за долг живот, додека не е важно за каков вид на активност станува збор. Пожелно е да вежбате, пешачите или возите велосипед околу 45 минути во денот, а тоа е добро и за когнитивните способности, препорачуваат експертите.

Кога сме кај чипсот, Матилда е убедена дека контролата над порцијата е клуч за правилна телесна тежина без штета за психичнкото здравје.

Но, сепак дел од компетентните лица се реални дека пресудна улога има комбинацијата на гени која е одговорна за долг живот и добро здравје.