Македонија
2. February 2019 - 16:54

Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО ќе биде потпишан на 6. февруари во Брисел

Земјите членки на Алијансата наредната среда ќе го потпшат пристапниот протокол, објави на твитер генералниот секретар на Алијансата.

„На 6 февруари ќе испишеме историја: Сојузниците од НАТО ќе го потпишат пристапниот протокол за идната Република Северна Македонија заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров“, напиша на социјалната мрежа  Столтенберг.

Потпишувањето на протоколот на својот твитер го поздрави еврокомесарот за проширување. Првиот чекор на македонските евроатлантски интеграции е направен, асега одиме понатаму порача Хан,

ЕУ ќе даде најсилна поддршка за тоа вториот чекор, отворање на пристапните преговори со Унијата да следи оваа година

Протоколот по процедурата во Брисел, патува на на ратификација во парламентот во Атина. Пред  грчките пратеници најверојатно  ке се најде до крајот на неделата, на 8ми  февруари. Медииумите во Грција прогнозираат дека документот без проблем ке биде изгласан, бидејки постои мнозинство за негова ратификација. Вееднаш откако протоколот ке добие зелено светло во грчкиот парламент, треба да биде ратификуван и во парламентите на останаатите земји на АЛијансата. Оваа процедура по правило трае околу една година, но постојат наајви од седиштето на НАТО дека е можно целиот процес от за добивање полноправно членство да заврши до самитот во јули.