Ракомет
14. January 2016 - 19:02

Против Франција без повредениот Филип Лазаров

Филип Лазаров е ракометарот кој нема да биде во составот на утрешниот дуел со Франција што Македонија. Во разговорот со македонските новинари пред вечерниот тренинг (што е во тек) селекторот Ивица Обрван истакна дека Фипил Лазаров поради повредата на препоните, која се уште не е целосно залечена нема да биде во составот. 

Ова од причина што првите два дуела со Франција и Полска се очекува да бидат со посилен интензитет и воедно тој да добие 3-4 дена да ја залечи комплетно повредата.
 
Од Краков 
Марјан Ников