Македонија
3. March 2017 - 20:51

Протестниот марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Кочани

Учесниците на протестниот марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Кочани вечерва порачаа дека нема да дозволат редефинирање на државата и воведување на двојазичност.

Тие го повторија барањето до претседателот на државата Ѓорге Иванов да не го доделува мандатот на СДСМ, бидејќи се револтирани, како што посочија, од постапките на лидерот на СДСМ за воведување на двојазичност и децентрализација на државата.

Учесниците на протестот истакнаа дека не сакаат да живеат во држава во која политичарите го делат народот и прифаќаат туѓи платформи кои не носат подобра иднина за граѓаните на Македонија.