Свет
15. April 2018 - 20:24

Протести во Словачка со барање за истрага за убиството на новинарот Куцијак

 Дестици илјади лица присуствуваа денеска на протест во Братислава, од кој е побарано спроведување истрага за убиството на словачкиот истражувачки новинат Јан Куцијак и неговата вереница.

Протести со истото барање беа одржани и во неколку други словачки градови.

Куцијак и неговата вереница беа убеини на 21 февруари во нивниот дом, во време кога новинарот работел на истражувачка сторија за поврзаност на луѓе од опкружувањето на поранешниот словачки премиер Роберт Фицо со италијанската мафија.   

Веднаш по нивното убиство започнаа антивладини протести што доведоа до оставка на Фицо, меѓутоа учесниците на демонстрациите сметаат дека тоа не е довлоно и бараат целосна истрага за случајот.

Демонстраните исто така бараат и оставки на шефот на полицијата Тибор Гашпар и на првиот човек на Специјалното обвинителство за борба против корупцијата, Душан Ковачик.