Македонија
13. April 2020 - 23:28

Протести во Сингелиќ поради упасени лица - градоначалникот ветува ќе ги извади од полиција

Во моментов неколку стотина лица протестираат во скопската населба Синелиќ во општината Гази Баба поради приведени неколку лица кои не го почитувале полицискиот час кој што започна во 16 часот. На протестот присуствувал и  градоначлникот на општината Борис Георгиевски со цел да ја смири тензичната состојба како и револтот на граѓаните.

Сител побара информации од МВР за овој настан но се уште немаме добиено официјална информација за тоа што точно се случува во моментов во Сингелиќ.

На видеото може да се слушне како градоначалникот дава ветување дека ќе ги извади лицата од полициска станица кои вечерва биле приведени за време на полицискиот час.