Свет
21. September 2016 - 12:28

Протести во Шарлот по убиството на црнец од страна од полицаец

Полицаец уби синоќа црнец во Шарлот, во Северна Каролина, по што беа предизвикани улични протести, кои траеја доцна во ноќта.

Локалната полиција соопошти дека во протестите се повредени 12 полицајци. Тие тврдат дека учесниците во протестот уништувале полициски возила.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

Протестите во Шарлот, следуваат само неколку часа откако во Талса во Оклахома, имаше демонстрации, бидејќи полицијата пукала врз невооружено младо лице исто така со афроамериканско потекло.