Свет
5. February 2017 - 8:54

Протести во повеќе европски градови поради имиграциската забрана на Трамп

Илјадници Европејци огорчени од забраната на американскиот претседател Доналд Трамп за влез во САД на мигранти од седум доминантно муслимански земји, вчера демонстрираа во повеќе европски градови.

Во Лондон се оддржа најмасовниот протест, на кој се собраа околу 10.000 лица, пренесоа француските медиуми.

Илјадници демонстранати маршираа од американската амбасада во Лондон до зградата на Парламентот, барајќи од владата да ја повлече поканата до американскиот претседател за посета на Велика Британија, пренесуваат американските медиуми.

Како што се наведува, демонстрантите извикуваа „Тереза Меј, срам да ти е“.

Критичарите на британската премиерка, Терезе Меј, негодуваат уште од нејзината посета на Вашингтон, кога таа и ги потврди плановите за возвратна посета на Трамп на Обединетото кралство, во текот на летото.

Во Париз и Берлин на протестите излегоа по околку илјада лица, додека помали собири беа оддржани и во неколку британски градови вклучувајќи ги Манчестер и Бирмингем, пренесуваат француските медиуми.

Повеќе стотици демонстранти се собраа и во шведската  престолнина Стокхолм, како и во Барселона.