Протести во Портланд и Сиетл поради инаугурацијата на Бајден
Антивладини демонстранти во Портланд и Сиетл ги разбија канцелариите на Демократската партија и некои други објекти, за време на синоќешниот конфликт со полицијата, протестирајќи против инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден.
Како што пренесуваат странските агенции, луѓе облечени во црно, со маски на лицето, кршеле прозорци и врати во канцеларијата на Демократската партија во Портланд.
„Осум лица се уапсени во Портланд под сомнение за насилство и несовесно подметнување пожар, додека уште две лица беа уапсени во Сиетл, едното за напад, другото за уништување на имот“, соопшти полицијата.
Пред да упаднат во канцеларијата на Демократската партија во Портланд, група од околу 150 лица се судри со полицијата.
Во Сиетл, полицијата истакна дека неколку места во градот биле вандализирани.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација