Свет
5. October 2020 - 13:20

Протести во Германија против климатските промени

Активисти на организации за заштита на животната средина во Германија протестираат пред Министерството за транспорт во Берлин, барајќи веднаш да прекинат сите проекти за изградба на аеродроми, автопатишта и улици во земјата.

Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишува „Стоп за уништувањето на нашите елементарни ресурси“ и бараат да прекине сечата на дел од шумата Даненројдер, која започна минатата недела за да се ослободи траса за изградба на нов автопат.

На собирот е присутна и германската полиција, која приведе неколкумина демонстранти кои со лепливи траки се залепиле за тротоарот.

Демонстрантите го најавија „Маршот на убиените дрвја“, а полицијата соопшти дека на денешниот протест во Берлин учествувале околу илјада активисти.