Свет
8. May 2016 - 17:07

Протести во Берлин, се бара оставка од Ангела Меркел

Приврзаниците на есктремната  десница протестираа во Берлин барајќи Англеа Меркел да си поднесе оставка поради незината политика на отворени врати за мигрантите. 
 
Во исто време во близина левицата протестираше против расизмот и за поддршка на бегалците.
Голем број полицајци ги обезбедуваа двата протести, обидувајки се да ги држат под контрола демонстрантите. Во еден миг беа   апсени неколку активисти на левицата кои се обидоа да го пробијат полицискиот  кордон.
 
Лидерот на Северна Кореа на конгресот на владеачката работничка партија порача дека неговата земја нема да употреби нуклеарно оружје, освен ако не е  загрозен нејзиниот суверенитет. Пјонгјанг  прв пат зиврши проба на нуклеарно оружје во 2006 откако се повлече од меѓународните договори и оттогаш постојано се заканува со напад против САД И Јужна Кореа.
 
Над 50 лица загинале, а 70 се повредени  во судар на два автобуса и цистерна во Авганистан. Возилата се  судриле i се запалиле на  патот кој го поврзува главниот град Кабул со Кандахар.
 
Полицијата соопшти дека  до несреќата дошло поради  невнимателно возење.