Балкан
11. July 2020 - 17:54

Протести во Белград, Вучиќ продолжува со преговорите за Косово

Десетици повредени полицајци и 70 уапсени демонстранти, ова е билансот од синокешните немири во Белград. Мегу приведените има и странски државјани, соопшти српската полиција. Ова е четврта нок по ред како се одржуваат протести во главниот град на Србија.

-Мегу уапсените има и значителен број странски државјани од Црна Гора, Велика Британија, Тунис и БиХ.

Протестите  вечра започнаа мирно, но ситуацијата ескалираше откако група демонстранти повторно се обидоа насилно да влезат во Собрането, но беа разбиени од полицијата. Во немирите нападнати беа и новинарски екипи.

Се протестираше и во другите српски градови. Во Нови Сад демонстрантите се обидоа да го блокираат автопатот кон Белград, но ги спречија специјалците. Вучик од Париз порача дека со насилство не се доага на власт.

Вучик најави и продолжување на преговорите за Косово, а првиот состанок мегу двете страни е закажан наредната недела во Брисел. Ова беше догворено на  видео средбата во Париз организирана од Меркел и Макрон, а на која учествуваа и Вучик, косовскиот премиер Хоти и европските партнери.