Протести во Белград поради резултатите од претседателските избори
Неколку стотици Срби, претежно млади лица без партиски симболи, се собраа вечерва пред зградата на српскиот Парламент со цел да изразат незадоволство од резултатите од вчерашните претседателски избори во земјата, на кои, според прелиминарните резултати, српскиот премиер Александар Вучиќ извои убедлива победа, пишува „Блиц“.
Протестите времено го блокираа движењето во центарот на Белград.
Демонстрантите се организираа преку фејсбук групата „Протести против диктатурата“.
Бидејќи гласовите се уште се пребројуваат, има шанса за втор круг, а ако се стигне до него, протестите ќе им послужат на трите милиони лица кои не гласале, се наведува во групата на Фејсбук.
Учесниците во протестите се сомневаат дека изборите се чесни.
- Се собравме пред Парламентот бидејќи изборите се одвиваа многу недемократски, особено во Белград, истакна еден од демонстрантите.
Српскиот премиер Александар Вучиќ освои 55 проценти од гласовите на вчерашните претседателски избори во Србија.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора