Балкан
12. May 2016 - 14:51

Протести во Белград поради проектот „Белград на вода“

Протест под мотото „Маските паднаа“, беше организиран против големиот проект „Белград на вода“ пред зградата на српската Влада, јавуваат локални медиуми.

Во протестот учествуваа повеќе од 3.000 луѓе кои скандираа – Градот е наш и Оставки.

Претставници на иницијативата „Нема да го давиме Белград“, кои се против проектот Белград на вода, не успеаја да поднесат барања за оставки на министерот за внатрешни работи, директорот на полицијата, градоначалникот на Белград и неколку други функционери.

Во крајот на протестот демонстрантите фрлаа со тоалетна хартија врз зградата на градското собрание на Белград. Во ноќта меѓу 24 и 25 април маскирани лица со булдожери урнаа неколку објекти во реонот на Савамала во Белград.