Протести во Барселона поради уапсените каталонски владини претставници
Илјадници демонстранти се собраа денеска пред каталонскиот суд во Барселона барајќи ослободување на најмалку 12 уапсени во врска со референдумот за независност на Каталонија, закажан за 1. октомври.
Каталонските граѓански групи кои се залагаат за независност повикаа на масовни улични протести против преземените полициски мерки во текот на вчерашниот ден.
Полицијата уапси најмалку 12 лица, претежно каталонски владини претставници осомничени за организирање на референдумот, за кој шпанските власти сметаат дека е незаконски. Притоа, беа запленети и 10 милиони гласачки ливчиња.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој ги предупреди каталонските власти на „поголема штета“ доколку не се откажат од референдумот, но регионалната Влада вети дека референдумот сепак ќе се одржи.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи