-->
-->
Протести против поскапувањето на струјата, блокирани улици во Скопје
-->
Во 14 часот почнуваат протестите против поскапувањето на струјата. Протестот ќе почне кај Мавровка. Од тука демонстратните со коли и пешки ќе тргнат кон Министерството за правда. При тоа ќе бидат блокирани крстосниците кај Судска палата и кај Палома Бјанка.
Ова е трет протест против поскапувањето на цената на струјата. Од овој месец сметките за електрична енергија ќе бидат повисоки за 7,4%.
Организаторите на протестите бараат поништување на одлуката на Регулатроната комисија за енергетика за зголемување на цената, поевтинување на струјата и распуштање на РКЕ.
Протестот е најавено дека ќе трае до 16 часот, а протести се најавени и за Тетово, Прилеп и Битола.
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори