-->
-->
Протести на „жолтите елеци“ и во Белгија и Холандија
-->
Француското движење „жолти елеци“ ги надмина границите и денеска ќе се организираат протетси и во Белгија и Холандија.
Ниту една од овие две земји не предложи зголемување на таксите на горивото, што беше катализатор за масовните демонстрации во Франција во последните недели.
Стотици белгиски полицајци се мобилизирани во Брисел, каде „жолтите елеци“ минатата недела се судрија со полицијата и запалија две полициски возила. Тогаш беа уапсени 70 лица. Дел од денешните протести се планирани пред главните институции на Европската унија, кои не работат во сабота, а останатите се закажани за во центарот на белгиската престолнина.
Во Холандија, за денеска се планирани мирни протести во Амстердам и Ротердам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот