Протести и во други градови низ Србија, блокирани улиците во Ниш, Крагуевац и Нови Сад
Освен во Белград, вечерва на протести се собраа и граѓаните на Ниш, Крагуевац и Нови Сад.
Повеќе десетици граѓани на Ниш го блокираа вечерва сообраќајот, а пристигнувањето на полицијата беше пречекано со свирежи и извици „кучиња, кучиња“. На демонстрантите им се приклучила и голема група млади луѓе.
На платото пред Градското собрание на Крагуевац, исто така, во 19 часот се собраа незадоволни граѓани од постапките на власта во Србија.
Граѓански протест поради најавите за воведување полициски час започна вечерва и на Плоштадот Слобода во Нови Сад. На почетокот на собирот се случил мал инцидент меѓу претставници на различни идеологии, околу тоа кој ќе одржи говор. Десничарски ориентирани демонстранти пристигнале со знамето на Косово, додека „левичарите“ носеле транспарент „Кој тебе со пендрек, ти нему со револуција“.
Група демонстранти во Нови Сад ја гаѓале зградата на Радиотелевизија Војводина со камења и петарди. Претходно нападнале и неколку полицајци.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка