Македонија
10. March 2017 - 21:23

Протестен марш „За заедничка Македонија“ во Берово

Не за двојазичност и не за промена на македонското име, порачаа од Берово граѓани кои ја поддржуваат граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и кои попладнево по петти пат одржаа протести.

Протестот се одвиваше во мирна атмосфера по улиците во центарот на градот, а заврши на градскиот плоштад, каде беше прочитан прогласот од петтиот протест во Берово. 

Во Прогласот се вели дека гордиот Македонец зборува само на еден јазик, а  македонскиот јазик бил и ќе биде столбот на унитарноста.

- Во Македонија треба да се знае дека живее храбар и силен народ што не се предава. Секој нареден ден ќе чекориме напред со гордо кренати глави и громогласно ќе извикаме дека ние сме македонски народ со чиста македонска крв, срцето на Македонија, а македонскиот јазик е нашето најсвето нешто. Затоа од Берово порачуваме не, за двојазичнот. Остануваме овде во Македонија, каде се зборува и ќе се зборува на македонски јазик, каде што се нашите корени, се истакнува во прогласот.

Поддржувачите на граѓанската иницијатива во Берово најавија дека протсетите ќе продолжат и наредните денови сѐ до решавање на кризата и отфрлањето на „тиранската платформа“.