Македонија
2. March 2018 - 17:38

Протест за правда за малиот Алмир

Со истурени вреќи земја пред зградата на Јавното обвинителство, 100-тина граѓани по втор пат побараа правда за малиот Алмир од Куманово. Покрај одлуката за преквалификација на кривичното дело од убиство во сообраќајна несреќа со смртни последици, граѓаните реагираат и на пропусти во истражната постапка. Обвинија за селетивна правда по етничка основа и побараа изземање на јавниот обвинител.

- Наместо да сме сведоци на окончување на случајот Алмир со заслужена казна за сторителот на делото убиство со умисла, ние сме сведоци на огласи за продавање на оружјето со кое беше усмртен 4-годишниот Алмир. Случајот Алмир е класичен пример како не смее да постапува еден судски систем и една држава која во својот Устав го гарантира правото на живот. Пропустите се направени во истражната постапка, се иницијалната каписла во оваа судска голгота на семејството Алиу и на правдата во Македонија, вели Дијана Тахири, организатор на протестот 

Организатортите реагираа и на изјавата на Јавниот обвинител Љубомир Јовески, дека одлука обвинетиот Бобан Илиќ да одговара за сообраќајна несреќа ја донел неговиот претходник Зврлевски.

4-годишниот Алмир пред две години беше прегазен по расправија за ред во кумановска болница помеѓу сега обвинетиот Бобан Илиќ и родителите на детето. Судењето продолжува на 5 март.