Протест во Анкара поради одлуката на САД за Ерусалим
Со слоганот „Слобода за Ерусалим, мир на човештвото" во центарот на Анкара се одржа голем протест поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
На протестот присуствуваа илјадници граѓани кои вееја знамињата на Турција и Палестина.
Организатори на демонстрациите се голем број невладини организации.
Али Јалчин, претседателот на невладината организација „Офицер”, наведе дека Ерусалим и припаѓа на исламската религија, упатувајќи критики за одлуката на Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел.
Јалчин посочи дека Израел не е држава, туку окупаторска терористичка организација и дека „Ерусалим е сопственост на Палестина".
- Ерусалим е „света доверба за умот и човештвото, непроценливо богатство", нагласи претседателот на „Офицер“.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата