Македонија
21. May 2018 - 16:29

Протест против затворање на улица кај кружниот тек во Кисела Вода

Жители на Христо Татарчев 1 во Кисела Вода со жив штит ќе го бранат затворањето на улицата која води кон Кружниот тек кој е во градба. Утринава се собраа да го спречат редењето на бетонски ивичници.

-Оваа улица функционира повеќе од 60 години и единствен влез и излез е овој на улицата 1, изјави Спасе Гурнески, жител на улицата Христо Татарчев 1 во Кисела Вода.

-Таму има луѓе кои живеат нас ни треба прописен пристап на Брза Помош и на пожарна, ако се затвори таму има многу мали улички и овие возила неможат да поминат, изјави Светлана Атанасовска, жител на улицата Христо Татарчев 1 во Кисела Вода.

Жителите од оваа улица бараат од надлежните безбедно сообраќајно решение за влез и излез на кружниот тек. Се жалат дека повеќе од 3 години голтаат прашина и стравуваат за животите поради брзото возење.

– На улицата која излегува на кружниот тек живеат жители во околу 300 куќи, тука има и 5 споредни улички и фабрика со 700-тини вработени.

Од општината Кисела вода одговорија дека улицата Христо Татарчев 1 нема да се затвори.

- Постигнат е договор со Град Скопје и е изнајдено решение, што би значело дека нема да се затвораат улици, од што стравуваше околното население. Дополнително, ве информираме дека е продолжен процесот за експропријација на земјиштето, како изградбата на кружниот тек би можела да продолжи, велат од Општина Кисела Вода.