Македонија
14. August 2020 - 20:15

Протест против поскапувањето на струјата

Граѓани од Скопје се собраа на протест против поскапувањето на цената на струјата. Од повеќе локации се упатија пред владата да го изразат револтот. Бараат да се намали цената за 40 отсто, да се намали ДДВ од 18 на 5 % и да се формира тело во Собранието што ќе ја регулира услугата што граѓаните ја добиваат од енергетските компании. 

Доколку нивните барања не се исполнат, ќе ги радикализираат протестите.

Мирјана Давидовска