Бизнис
22. April 2018 - 17:31

Протест против изградба на регионална депонија во Дебарца

Дебрчани уште еднаш кажаа не за изградба на регионална депонија во атарот на селото Годивје. Со биење на камбаните на црквите и блокирање нa магистралниот пат Охрид-Кичево во двата правци стартуваше еко револуцијата во Дебарца. Годивското поле е нашето свето огниште ,Срцето на Македонија не е ѓубралник, Во Дебрца не постојат повеќе партии, постојат обединети Дебрчани“, Премиере одржи со го зборот беа само дел од пораките на жителите на протестот .

Од коориднативното тело се одлучни дека во Дебарца нема да дозволат изградба на  регионална депонија , тие велат дека ќе продолжат со протестите а најавија и други акции и мерки и на интернационално ниво.

Градоначалникот на Дебарца Ногачески потенцира дека останува на страната на граѓаните кои својот глас го дадоа на референумот кој се одржа минатата година и се изјаснија дека се против.

И екологистите и стручните лица сметаат дека недозволиво е во чиста и незагадена средина да се гради реионална депонија.

Дебрчани најавија порадикални мерки  се со цел да се слушне гласот на народот за стопирање на идејата за изградба на регионална депонија во атарот на селото Годвје.