Македонија
15. October 2018 - 12:36

Протест пред Собрание - се бара да нема промена на Уставот

Помала група граѓани денеска пред Собранието на РМ протестираат против промената на Уставот и на името на државата.

Присутните со транспаренти „не ве гласавме да менувате име, оставка...“ бараат пратениците да не ги поддржат предложените уставни измени.

Сообраќајот пред македонското собрание е блокиран, а демонстрантите имаат поставено шатор на улицата  пред Парламентот.

Пред Собранието може да се забележи и полициско обезбедување.

Во моментов во македонското собрание во тек е седницата на која единствена точка на дневниот ред е предлогот за пристапување измена на Уставот на Република Македонија.